Дали секојдневните навики може да бидат поздрави?

Moже ли брзото секојдневние во кое живееме да биде поздраво за нас и за придонесе за поздрава животната средина? Колку секојдневните навики имаат влијание на нашиот живот и колку тие влијаат негативно на нашата благосостојба?  Некогаш промените во секојдневните навики се мали, но важно е да ги има. Внесувањето на позитивни промени во живеењето, вклучувајќи го и здравиот живот на почетокот можеби е тешко, но понатаму прераснува во навика. 

Халк Банка во рамки на своите активности ja промовира апликацијата HalkEco која овозможува формирање здрави навики и придонес за здрава животна средина. Освен тоа, банката преку инстаграм профилот и фејсбук страната на HalkEco промовира здраво живеење и градење позитивни животни навики.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by HalkEco (@halkeco)

Во една од последните објави во рамки на HalkEco платформата тие се осврнуваат токму на фактот дека секојдневните активности може да се заменат во здрави, кои пак преминуваат во навики.

И доколку се прашувате дали секојдневните навики може да бидат поздрави, тогаш одговорот е да. HalkEco фокусот го става во промена на следните животни навики и рутини: 

Помалку возење - повеќе пешачење

Пешачењето може да го намали ризикот од многу болести, вклучувајќи срцев удар, мозочен удар и глауком. Тоа помага да се контролира тежината,  крвниот притисок и да се заштити од фрактури на колковите. Намалувањето на изложеноста на густ сообраќај и долгите патувања, исто така, го намалува стресот, а стресот со текот на времето го зголемува ризикот од состојби како срцеви заболувања.

Помалку купување - повеќе поправање

Ако се соочувате со проблеми со некој електронски апарат или тој е оштетен, пред да купите нов запомнете дека вашиот уред може да се поправи. 

Поправањето на телефонот, телевизорот и компјутерот не само што е поекономично, туку истото е поеколошко и поетички.  Фрлањето на електричниот апарат може да влијае на животната средина од многу аспекти, а дополнително во производството на новиот апарат се ослободува голема количина јаглерод диоксид. Вашиот стар телефон или компјутер може да заврши во електричен отпат и никогаш да не се рециклира. И заборавајте дека материјалите од кои се произведуваат електричните апарати секојдневно стануваат се понедостапни, а за тоа е виновен секој од нас.

Помалку еднократна употреба - повеќе реупотреба

Рециклирање значи претворање на артикал во суровини што може повторно да се користи, обично за целосно нов производ. Ова е постапка што троши енергија. Повторната употреба се однесува на користење на производот, таков каков што е без дополнителен третман. Ова го намалува загадувањето и отпадот, што го прави поодржлив целиот процес. 

Процесот на повторна употреба не е за пренамена на материјалите од кои е направен продуктот, туку за пренамена на самиот продукт. Ова вклучува купување и продавање користени стоки и поправка на предмети наместо нивно фрлање. Повторната употреба е подобра од рециклирањето бидејќи ја заштедува енергијата што доаѓа од демонтирањето и повторното производство на производи. Исто така, значително го намалува отпадот и загадувањето бидејќи ја намалува потребата од суровини, заштедувајќи ги и шумите и залихите на вода.Пазарот пак има корист од повторната употреба благодарение на приливот на квалитетни производи по намалени цени.

Помалку грижи - повеќе сон

Стресот често влијае на квалитетот и времетраењето на сонот. Стресот и недостатокот на сон можат да имаат сериозно влијание врз физичкото и менталното здравје. Експертите препорачуваат луѓето да се стремат кон 7-9 часа сон во текот на ноќта, во зависност од нивната возраст и други фактори.

Недоволното спиење може да предизвика негативно расположение, ниско ниво на енергија, проблеми со концентрацијата и општа неспособност за нормално функционирање. Недостатокот на сон може да има сериозни последици во некои сегменти од животот, како на пример ако учеството во сообраќајот и ракувањето машини. Повремениот лош сон, веројатно нема да предизвика сериозна штета, но постојаното отуство на здраво спиење и присутвото на стрес може да предизвика сериозни здравствени проблеми.