Дали преполниот Охрид ќе стане „темпирана бомба“ за ширење на корона?

Иако нема гости од странство, Охрид периодов е преполн до домашни туристи. 

За продолжениот викенд колони возила пристигнаа во главниот туристички центар. Но, дали и колку се почитуваат мерките за заштита од корона вирусот?

Гостите како да подзаборавија на вирусот,  па така дел од туристите не ги почитуваат мерките за заштита, не носат маски ниту пак држат социјална дистанца. 

Плажите се полни со туристи, а исто така и кејот и старата чаршија. Шпицот на сезоната донесе и сообраќаен хаос, а градот е преполн и со ѓубре од несовесните.

Надлежните велат дека ваквото слободно однесување и непочитување на мерките за заштита во наредниот период може да резултира со зголемена бројка на заразени.