Дали полицијата денеска успеа да спречи бегство во странство?

Денеска, на Граничен премин Табановце, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје привеле едно лице од Скопје. 

Според првичните информации, МВР информира дека тој се барал за издржување на определена мерка притвор поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“ по чл.279 ст.2 од Кривичниот законик.

По неговото приведување, тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на притворот.