Дали откривате премногу за животот на вашето дете на интернет и каде е границата?

Социјалните мрежи се дел од нашето секојдневие. И навикнати сме на нив да споделуваме различни информации од нашите животи. Кога се децата се во прашање, некои мајки не сакаат воопшто да споделуваат работи за нивните деца, а некои постојано ставаат фотографии од нивните деца и ги споделуваат сите можни детали во врска со нив.

Но дали знаете каде е границата?

Што е во ред?

  • Да објавувате симпатични семејни моменти

  • Да објавите по некоја слатка фотографија

  • Да прашате некој од вашите пријатели за совет

Што е премногу?

  • Секој ден да објавувате 5-10 нови фотографии од детето

  • Да отворите профил со името на детето и да глумите дека бебето ги пишува статусите.

  • Да го облекувате бебето само за да направите фотографија за Инстаграм и да го малтретирате додека не излезе совршено на фотографиите.

  • Да го споделувате секој детаљ за здравјето на вашето дете со следбениците на социјални мрежи. 

  • Да го споделувате секој можен момент и напредок на детето.