Дали навистина „Тик-ток“ ни ги убива децата?

Дали „Тик-ток“ ни ги убива децата? Прашање кое се однесува и на останатите социјални мрежи, а никогаш претходно не било толку актуелно!

Имаат ли родителите контрола врз децата и нивните активности на смарт-уредите? Настаните во соседна Србија го натераа и македонското оштество да се преиспита?

Повеќето велат дека денешните деца се „испуштени генерации“, а вината ја лоцираат токму кај родителите.

Еве што вели јавноста за „Тик-ток“ мрежата која поттикнува предизвици кои може да бидат опасни по безбедноста на децата:

-Не „Тик ток“, родителите, кои не се свесни како им бегаат од раце децата се виновни за овој тренд.

-Родителите немаат време да посветат внимание на децата. Дали ние смеевме на времето да правиме такви глупости. Ама тогаш владееше закон, немаше семејно насилство туку воспитно поправен ќотек, и дома и во училиште, строги родители, уште построги наставници. Се знаеше страв и почит, сега се е уништено со новиве закони.

-Не само децата и родителите треба да одговараат за оваа сериозна негрижа. На мајките поважни им се ноктите и веѓите, децата ги хранат и смируваат со мобилните телефони, а не им е гајле што тие деца гледаат и отварат. Жал ми е за дечињата..

-.Секако првенствено родителите се виновни за овие девијантни појави, а образованието и наставничкиот кадар е сосема друга тема.

-Нит „Тик-ток“, Скајп, Фејсбук, Инстаграм или било која друга апликација не ги убива децата, родителите се тие кои ги воспитуваат. Училиштето и општеството се главните виновници!

-„Тик-ток“ не убива деца. Треба да има граница. Порано ако се сеќавате со играта Blue Whale тогаш исто се убиваат малолетници. Сметам дека родителите треба да бидат максимално претпазиливи во децата.

-До сите родители, земете ги телефоните под ваша контрола и посветете повеќе внимание на своите деца, не на бизнис и шопинзи.