Дали навистина се гради крос мото патека кај скопскиот Аквадукт?

Од еколошкото здружение „О2 Иницијатива“ велат дека се прави крос патека за мотори кај Аквадуктот, споменик прогласен за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење.

Тие реагираат дека режимот на заштита на Аквадуктот забранува да се внесуваат капацитети или да се воведуваат нови намени што предизвикуваат бучава, вибрации и загадување на околината, поради што тие како здружение поднеле претставки во надлежните институции. 

Останува да се види дали и колку ќе се почитува одлуката за заштита на овој споменик како културно наследство од исклучително значење. 

Аквадуктот порано се наоѓаше во рамките на касарната Илинден, но потоа беше предаден на општина Карпош. До споменикот има ретки патокази и не се одржува речиси воопшто и покрај големиот туристички потенција.