Дали може да се роди љубов од секс за една вечер?

Во денешно време состанувањето е се покомплицирано. Има милион правила и се уште не знаете точно како да го дефинирате односот. Освен состанувањето, тука се и незадолжителните врски, популарно наречени „пријатели со поволности“, а и сексот за една вечер.

Но, кон што води сето тоа? Обично сексот за една вечер значи забавна и страствена вечер по која и двајцата се разделуваат и секој оди по свој пат. Нема чувства, нема зближување… Но, дали е можно да се роди љубов после една ваква вечер?

Според истражувањата, сосема е можно ова да се случи. На квалитетот на врската не влијае тоа како сте ја започнале врската, односно дали сте ја започнале со секс или сте чекале некое време пред да се впуштите во сексуални односи.

Сексот за една вечер најчесто се доживува како нешто негативно, нешто што е само за една употреба, однос во кој љубовта е невозможна.

Меѓутоа, едно истражување покажало дека сексот на прв состанок не е пресуден за иднината за врската, туку важно е мислењето на партнерите за потенцијалниот однос.

Иако ова истражување покажало дека квалитетот на врската е повисок доколку партнерите почекаат пред да се впуштат во сексуални односи сепак сексот на првиот состанок не е виновник доколку врската пропадне.

Кога две личности посакуваат врска, тогаш не е важно кога ќе имаат секс. Односот кој е заснован на љубов може да се воспостави и по сексот за една вечер. Сексот на првиот состанок може да биде почеток на една голема, вистинска љубов која ќе трае цел живот.

Се разбира, резултатите од истражувањето не важат за оние личности кои сакаат само секс без обврски , а не врска.