Дали ќе плаќаме поскапо парно од август ќе се знае идната недела

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги за евентуално поскапување на парното ќе одлучува на 29 јули откако трите компании за парно греење во Скопје поднесоа барање до РКЕ. 

Зголемување побарале трите компании, од кои најмногу ЕСМ енергетика околу 65%, Бег околу 2 %, а Скопје Север околу 16%. Истовремено цената на гасот на светските берзи е зголемена за 50% во однос на лани, а таа учествува со 70 % во крајната цена.

Од РКЕ велат дека во моментов се прават анализи, подготвителна седница ќе има во вторник, а конечната цена ќе се донесе во четврток. Новата цена ќе важи од почетокот на месец август.