Дали имаш чувство дека засекогаш ќе останеш сама?

Светот е полн со девојки и жени кои се плашат од осаменост и водени од тој изговор, секогаш покрај себе мораат да имаат некој или некаква врска која би го ублажила тој страв. Да, затоа што баш така се надминуваат стравовите. 

А постојат и девојки кои најчесто се сами. Да, ви се колнам, постојат. Тоа што малку ѝ недостасува, не е доволно да ѝ ја расипе среќата и нема никакви видливи дефекти. Тоа се сосема нормални, понекогаш преубави и талентирани девојки кои научиле нешто од дадените животни прилики.

Па сите во одреден момент имале врски. Па било убаво, па потоа болело, па потоа помалку болело и на крај се заборавило. Во периодот на болка се шуткаш наваму-натаму и создаваш нови познанства и врскички на кои од почетокот се гледа крајот, а тоа резултира со уште поголема горчина и каење. Тоа воопшто не е убаво чувство.

Во периодот на помала болка се чувствува надежта дека сепак некаде таму постои некој кој ни е суден и дека тој ќе се појави кога најмалку се надеваме. Но, тогаш, сепак се надеваме, малку. Периодот на заборав е критичен. Ако немаш изградено само-почит и свест, се препушташ на врските само од чист очај. Самотијата никогаш не доаѓа тогаш кога сме ја повикале, туку тогаш кога нема други реални можности. На тоа можеш или да се спротиставуваш со сета сила или да размислиш за понудата.

Спротиставувањето е макотрпен процес. А колку и да е опишувана како негативна состојба, нешто од коешто тешко се излегува и се смета за општ непријател на денешницата, самотијата навистина ги нема тие епитети. Сакаш да се засакаш себеси? Самотијата е единствениот вистински пријател на тој пат. Исто како и писателот кој проучува некој историски период за целосно да се соживее со карактеристиките на тоа време. Така во самотијата си даваме можност да го упознаеме она што ни е дадено – себе.

Можеме да се засакаме само кога сме во хармонија со предметот кој се сака и обожава (себе). Одеднаш, добиваш толку многу нов простор кој можеш да го преуредиш и да го проучиш до најмалиот детал и по сопствен терк. Самотијата е твој пријател и нема да те изеде. Но, тука има едно НО.

Самотијата е добра пријателка, супер ќе ви биде дружбата. Целосниот индивидуализам, ставовите за желбите и можностите и разбирањето на суровоста на надворешниот свет, но и неговата убавина. Проблемот настанува кога станува едно. Кога почнува толку многу да годи, а не знаеш ни кога точно се случило тоа, што немаш ни потреба, ниту мисла за уште едно битие со кое би создала некој вид заедништво или врска. 

Самотијата која станала толку голем дел од тебе, што не познаваш и не ни сакаш да познаваш живот поразличен од тој што го имаш. 

Би сакала да можам да напишам некој среќен крај, но среќните краеви не се пишуваат, тие се случуваат. Можам да напишам дека поентата на самотијата е да биде драгоцен период во кој ќе ги залечиш своите рани, комплекси и фрустрации, но само до степен до кој ќе се засакаш повторно себеси. 

А сакам да верувам дека луѓето кои се запознаваат со самотијата и храбро ја прифаќаат, сигурно заслужувааат некој кој освен карактерните црти, ќе ја препознае и обожава таа мистериозна, посебна нота, која ја поседуваат таквите жени.