Дали има дојави за бомби во училиштата знае само МВР

Неколку дена наставата во училиштата се одвива непречено, учениците и наставниот кадар се безбедни, родителите спокојни.

Дали има дојави за подметнати експлозивни направи во основните и во средните училишта, но и во останатите објекти во земјава знае само МВР. 

Јавноста нема да биде информирана согласно новите протоколи кои ги воведе Министерството за внатрешни работи, освен во случај заканата да е реална.

Дел од родителите реагираат дека нема да ги пуштат децата на училиште бидејќи и согласно новите протоколи ситуацијата не е безбедна. 

по повод дојавите за поставени бомби денеска реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. 

-Срам за власта е што таа со месеци не може да открие кој стои зад лажните дојави за бомби и да го спречи таквиот чин, кој внесува немир и несигурност кај граѓаните. Зошто МВР не реагира соодветно и не ги спречи дојавите за бомби, и дали свесно остава простор за да се шири паника? Дали Спасовски свесно молчи и со тоа влијае на создавање на уште поголем хаос, во кој криминалците ќе може да дејствуваат? - прашаа денеска од ВМРО-ДПМНЕ.