Дали граѓаните кои се пријавиле за инвертер клима имале навистина стара печка?

Градските власти допрва ќе утврдуваат дали граѓаните кои се пријавиле за инвертер клима  имале навистина стара печка. Огласот за 5000 субвенции заврши   но исплатата се уште  не е почната. Во јавноста се појавија информации дека и поимотни граѓани кои не исполнуваат услови  поднеле документи за да добијат пари за клима. Од Град Скопје тврдат дека има начин тоа да се провери.

Веќе една недела има тренд на зголемување на нивото на ПМ честици во воздухоѕ а тоа го потврдија и од Министерството за животна средина. Најзагадено е во Лисиче но високи концентрации на ПМ има неколку дена и во другите општини. Снимките споделени на социјалните мрежи од страна на „СТУДЕНТСКИ ГЛАС“  покажуваат дека вчера  воздухот во Лисиче бил токсичен. Мора да се преземат мерки во најбрз можен рок и да се спречи овој геноцид! Стои во објавата.

Пулмолозите предупредуваат дека аерозагадувањето не само што само по себе претставува голема опасност туку и  дополнително го олеснува патот на вирусите до белите дробови.

Скопје  викендов се најде меѓу најзагадените градови во светот а од скопскиот општини најлош е воздухот во Карпош, Аеродром и Кисела Вода.