Дали е возможно човек да пронајде љубов во ова модерно општество?

Во овој модерен и хаотичен свет, понекогаш изгледа дека е невозможно човек да пронајде љубов. Во ова потрошувачко општество во кое е важно само „сега и веднаш“ може човек да помисли дека нема надеж за пронаоѓање на вистинска љубов или сродна душа. Но, ако се опуштите и почнете да дишете и ако започнете да ги забележувате луѓето со кои сте поврзани и ако почнете да им давате внимание, време и трпение, прво вие ќе почнете да се чувствувате подобро, а со самото тоа се зголемува веројатноста ќе попатно ќе пронајдете љубов и среќа. 

Сега ви претставуваме неколку совети како полесно да го изведете тоа.

Прв чекор

Насочете ги вашите мисли на сегашниот момент и одлучете дека ќе бидете среќни баш СЕГА, а не во иднината. Сѐ се случуува сега!

Втор чекор

Направете список на кој ќе ги напишете луѓето и работите за кои сте благодарни. Пронајдете благодарност и среќа во малите работи од секојдневието, како насмевката, доброто кафе или некој комплимент.

Трет чекор

Ширете љубов и радост меѓу луѓето во животот. Изненадете некој со подарок, кажете им на пријателите колку ви значат, викнете ги драгите луѓе на вечера. Измамете насмевката, затоа што тоа ќе ве направи среќни и вас и луѓето околу вас. 

Четврти чекор 

Сфатете дека на самците ништо не им недостасува. Иако понекогаш луѓето ги гледаат со погледи полни со сожалување, во тоа нема ништо лошо. Колку пати сте чуле дека е подобро да се биде сам отколку во лоша врска? Ова можеби е клише, но е вистина. Освен тоа, ако излезете со ставот дека сте мизерни затоа што сте сами, така ќе ги одбиете оние кои би сакале да ви пријдат. Засакајте се себеси, па и другите ќе ве засакаат.

Петти чекор

Прифатете се онакви какви што сте и сфатете дека никој не е совршен. Секој човек има сови мани, сомнежи и стравови, само некои луѓе се добри во нивното прикривање. Концентрирајте се на своите доблести и таленти и користете ги за да го направите светот подобро место за живеење. Замолчете ги негативните мисли дека не сте вредни за љубов и среќа и заменете го тоа со сочувство и љубов за себе и за другите. 

Шести чекор

Избегнувајте негативни и прекритични луѓе кои ви ја црпат енергијата и пронаоѓаат препреки за вашите соништа. 

Откако ќе ги послушате советите и се извлечете од вашиот мрачен агол со насмевка на лицето, ќе видите дека набргу некој ќе се заљуби во таа насмевка.