Дали е ова најубавата куќа во Скопје? (ГАЛЕРИЈА)

Архитектите Сергеј Никољски и Иван Мирковски од проектантските куќи Никољски – Виена и Смарт Ливинг – Скопје се добитници на Големата годишна награда на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) за објектот „Куќа на Водно“ на улицата Питу Гули бр. 33.

Куќата ја следи инклинацијата на теренот со голем сензибилитет; вертикалните комуникации се скулптурален елемент кој топографски, како издлабени во самата земја.

Влезот во куќата на втората генерација се наоѓа на првиот кат, вкрстен помеѓу минималистичкиот павилјон под себе и интимната монолитна дрвена завеса над себе. Стаклениот меѓупростор, кој во суштина го образува првиот кат, е бафаерот, check point елементот пред пристапот кон последната зона, која го образува вториот кат.

Во средина се наоѓа детската просторија.Таа носи во себе сè она што е потребно: но пред сè, своја интима и свој личен, егзистенционален простор. Овие две куќи се сплотени во еден заеднички павилјонски волумен кој со својот рамен кров формираат зелен прооден коридор.

 

air max 90 essential sale