Дали е доволно да вежбаме 10 минути дневно?

Секојдневно сме нападнати од многу информации за придобивките од вежбањето.

Photo by Samantha Gades on Unsplash

Но, голем дел од нас се збунети, особено кога немаме доволно време или пак финансии за некои активности.

Едно неодамнешно истражување објавено од страна на Националниот институт за рак и контрола за превенција на болестите во САД покажува дека дури и 10-минутна физичка активност прави големи промени во нашите животи.

Претходно, повеќето истражувања покажуваа дека потребни се барем 30-тина минути вежбање дневно за да го намалиме ризикот од различни заболувања, како и ризикот од прерана смрт, но оваа студија ја имала токму оваа цел: да открие дали 10 минути дневно прават некаква разлика.

За потребите на истражувањето биле вклучени околу 5000 испитаници постари од 40 години. Биле мерени нивните активности во текот на денот, со што резултатите од истражувањето покажуваат дека дури 10 минути дневно значајно придонесуваат за да се спасат околу 110.000 животи на годишно ниво. Според лидерите на истражувањето, колку повеќе толку подобро, односно 20 минути дневно би спречиле смрт на 209.000 луѓе, што претставува намалување од околу 13% годишно.