Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против 53-годишниот Е.Н. од Џепчиште поради сторена измама.
Имено Б.М. во полиција пријавил дека на 01.03.2024, се договорил со пријавенот од Дебар кој имал фирма за мебел како компезација да го даде својот камион, а за возврат Е.Н. кој поседувал фирма за мебел да му даде мебел во вредност од 15 илјади евра колку што чинел камионот.
До такво нешто не дошло зошто оштетениот никако не можел да стапи во контакт со пријавениот при што случајот го пријавил во полиција.