Дац до приватните превозници: Со Данела си имате работа, не со нас!

На блокадите низ Скопје, реагираат и познатите личности. 

Имено, актерот Драган Спасов - Дац, на Фејсбук објави порака до приватните превозници:

-Приватни превозници! Одете и затворете го прилазот на градското собрание да не може пиле да прелета. Од нас граѓаните ништо лошо не сте виделе, напротив, граѓаните на Скопје се возат во вашите автобуси. Замислете после ова да ги бојкотираат и да не влегуваат во вашите возила...Со Данела си имате работа, не со нас! (Јака ви душа за последново.) - напиша актерот.