Да се грее едно училиште за 500-600 деца или да се греат 500-600 станови и куќи?

Откако дел од градоначалниците, соочени со неизвесност околу цената на струјата во образовните установи претстојнава зима, побараа повторно онлајн настава или продолжен зимски распуст, со реакција „на место“ се јави еден твитерџија. 

-Би ги прашал тие генијалците што предлагаат онлајн настава за учениците од дома за да заштедат училиштата на греење, што е поевтино, пологично и поекономично: да се грее едно училиште за 500-600 деца или да се грејат 500-600 станови и куќи?! - гласи неговото сосема логично прашање.