Да преболиш некого и да продолжиш понатаму е една од најтешките работи во животот...

Да преболиш некој и да продолжиш понатаму е една од најтешките работи во животот. Особено ако се работи за некој со кого заедно сте ја замислувале иднината. Затоа потребно е да продолжите понатаму на вистинскиот начин.

Завршете ја приказната со таа личност и кажете им сѐ што сте сакале да им кажете, колку сте ги сакале, колку ве повредиле, итн. Направете го тоа за да нема повеќе жалење за тоа „што би било кога би било“. А потоа засекогаш кажете им збогум.

Ако ве пуштат без да се борат за вас, тогаш едноставно врската не била вистинската. Пеколно ќе ве боли. Дозволете си на себеси да бидете тажни. Да бидете лути. Но, секој ден морате да се будите и да го продолжите својот живот без таа личност. 

Да, полесно е да се каже отколку да се направи. И затоа дозволете времето да ги залечи раните. Дозволете времето да се погрижи за вашето срце. Еден ден ќе се разбудите и повеќе нема да ви недостасува.