Да нацрпиме благодат - Ова е светата гробница каде што било погребано телото на Богомајката

Ова е светата гробница каде што било погребано телото на Богомајката, Пречистата Дева Марија во чија чест денеска се слави големиот празник Успение на Богородица, ден уште познат и како Голема Богородица. 

Народот верува дека Богородица е заштитничка на леунките и на жените им помага при породувањето. Исто така и жените што немаат деца веруваат дека со милоста на Пресвета Богородица ќе добијат рожба поради што ги посетуваат нејзините цркви, изведуваат некои обичаи, се молат и принесуваат дарови. 

- Преку приложените фотографии да нацрпиме благодат од ова свето место каде што било положено телото на Пресветата Дева, телото коешто го обедини девството и раѓањето, велат свештените лица.