Д-р Трајковски: Пикот на грипот и вирозите се очекува во февруари, загадениот воздух го пролонгира оздравувањето

Доктор Бојан Трајковски, на својот фејсбук профил, сподели дека не треба да се крева паника поради порасот на заболени од грип, настинки, вирози...Предупредува дека пикот доаѓа во февруари. 

- Пораст на болните од грип, настинки, ковид, разни вирози и бактерии е очекуван и по ништо не треба да предизвикува паника и сензационализам, бидејќи беше целосно јасно што ќе се случува после толку многу групни новогодишни игранки и собиранки. Овие бројки се на почеток од својот раст и својот пик ќе го достигнат некаде средина, евентуално крај на февруари, каде што очекуваме и школарците и студентите да го поминат својот ред на разболување, со оглед на тоа што ќе почне нивното активно мешање и дружење, алармира тој. 

- За загадениот воздух, не ни прашувајте, бидејќи речиси кај секој еден пациент го пролонгира оздравувањето за некој ден плус или остава некаков симптом кој трае и некој месец плус! - вели д-р Трајковски за енормното аерозагадување.