Д-р Пановски: Три пати дарува крвна плазма, спасува животи и има 32.000 антитела, а државата му брани да оди на работа?!

Доктор Никола Пановски, за најновите предложени анти-ковид мерки на надлежните вели дека се нелогични, противуставни и присилни. Во изјава за „Слободен печат“, вели дека особено несфатливо е што здравствените власти не го признаваат фактот дека прележувањето ковид создава природен имунитет кој е долготраен и трае и една година.

-Познавам многу луѓе со слични примери, но ќе ви кажам само еден: Човек кој три пати дарува крвна плазма, прележал ковид, има силен имунитет и антитела од 32 илјади, не само што со ваквите мерки не му го признаваат имунитетот, туку и не му даваат да оди на работа?! Значи човек чија крвна плазма ја користат за да спасат животи, го малтретираат да се вакцинира. Има граѓани кои не се антиваксери, туку се обесправени на начин што природно стекнатиот имунитет им се оспорува, иако на тестовите за антитела се покажува реалната слика. И друга нелогичност со овие присилни мерки за присилна вакцинација е тоа што се прави поделба на граѓаните среде пандемија на вработени во јавен и во приватен сектор. Која пандемија препознава таква разлика, прашува доктор Пановски.