Д-р Пановски: Треба кампања за вакцинација, која не постои!

Над 19 илјади граѓани се заразиле од Ковид-19 во последните пет месеци иако биле целосно имунизирани.

Ако се знае дека oд 6-ти август до 2-ри декември во Македонија со корона вирус се заразиле околу 60.000 граѓани, една третина од нив имале примено две дози вакцина. За истиот период од починатите, 21% биле целосно вакцинирани.

Дел од лекарите децидни дека вакцините не штитат од заразување, а нејасно е зошто за патување во светот се потребни сертификати за имунизација. Во Македонија проблемот го лоцираат и во немањето кампања за вакцинација.

Доктор Пановски за Алфа вели дека само преку кампања македонските граѓани ќе бидат навремено и точно информирани за позитивните но и негативните ефекти за сите вакцини.

-Самото вакцинирање на спречува заразување, бидејќи ако 30 проценти се вакцинирани, а инфицирани, сега дали се заболени не знаеме, се сметаа сите за позитивни, претпоставувам се со полесна клиничка слика, а незнам точно колку од вкупното население, со самото тоа се гледа дека вакцината не штити од заразување па се поставува прашањето зошто не цел свет му требаат сертификати? Треба кампања за вакцинација, која не постои, освен неколку присилно да се направи задолжително што законот не го дозволува.. Не ми е јасно зошто не постои кампања за ефикасноста на вакцината во намалување на хоспитализации или смртни случаи? Тука има податоци. И зошто не кажат отворено која вакцина колку штити?- прашува Пановски.

Во однс на омикрон сојот, Пановски вели дека би преземал мерки, еве сега на две нели од католички Божиќ, православен, распуст на децата и да се редуцира и јавниот превоз, затоа што нема да одат учениците во школо, ќе бидат онлајн две недели.

-Нема тоа да биде распуст, во некои земји две недели ги пуштаат. За овој период кога се тие слави, да се ублажи сегашниот сој или тој што ќе дојде вели Пановски.