Д-р Пановски: Сите треба да се стрпат, да издржиме уште два месеци

Да се надеваме дека бројките нема да растат. Колективен имунитет е делумно создаден кај одредени групи на популацијата или во одредени населени места кај што најмногу се ширеше, изјави во Утрински брифинг проф. д-р Никола Пановски, но и предупредува дека се уште ништо не е завршено.

-Мерките не треба многу да се олабавуваат. Од 15 декември почна падот. Сега сме блиску како и пред да почне вториот бран. Бројот се уште е голем и таа бројка може брзо и да се качи – нешто слично како и пред вториот бран, вели д-р Пановски.

Според него новиот сој на вирусот е тука и прашање на време кога ќе се открие и колку брзо ќе се прошири.

-Масовното пренесување е во затворените простории, надвор е е сосема друго. Ако е како вчера, со ветер, тој не може да се прошири. Затоа треба да издржиме да дојде до пролет и сосема по друго ќе биде. Мислам дека треба сите да се стрпат и овие два месеци треба да се издржат и да ја дочекаме пролетта со ниски бројки, вели д-р Пановски.