Д-р Пановски: Од прележани починаа 8 лица, а од комплетно вакцинираните околу 400

Микробилогот Никола Пановски во емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5 изјави дека повеќе починале вакцинирани лица, отколку оние што го прележале коронавирусот. 

-Колку починаа од прележаните – 8. Колку починаа од комплетно вакцинираните, кои нели имаат 5,5 повеќе пати антитела – околу 400. Разликата е таа. Имунитетот на вакцината трае 6 месеци, но исто и од прележувањето. Не велам да не се вакцинираат и ги повикувам тоа да го сторат. Но, не може да се ограничуваат прелeжаните. Ниту еден од тие што прелeжале не се заразиле повторно во првите шест месеци. Значи, реткост е, вели доктор Пановски, алудирајќи дека во земјава се ограничуваат луѓе кои вистински прележале и имаат антитела. 

-Овие мерки на Владата претставени од министерот за здравство не личат на мерки за спречување на нов бран на корона, бидејќи оние кои ќе се вакцинарираат ќе имаат дури во февруари имунитет. Јас би донел поинакви мерки или би направил мерки веднаш и сега. Ова сега е еден вид кампања за поттикнување која требаше да ја има одамна, а сега личи на кампања за присилна вакцинација, порача Пановски.

Според него мерките за стекнување на имунитет не треба да ги делат граѓаните.

-Зошто само за вработени во јавни установи, не може да се прават разлики за ова. Има многу нелогичности. Има човек кој пет пати дарувал крвна плазма има неколку илјади антитела и нема право на сертификат,констатира докторот Пановски.