Д-р Никола Пановски за состојбата со мерките: "Кој не полуди тој не е нормален"

Доктор Никола Пановски на својот Фејсбук профил пишува за мерките и за состојбата со корона вирусот во државата. 

Неговиот статус го пренесуваме во целост. 

Главен ризик за инфекција со Ковид 19:

1. Растојание помало од 2 метри

2. Долг контакт, 20 минути и повеќе

3. Зборување, кашлање, кивање, пеење за време на контактот.

Заштита: избегнувајте таков вид кобтакти, ако морате носете маска.

Ова се сознанија научно и стручно докажабжани за сите респираторни инфекции уште пред100 години, а важат у за Ковид 19.

Ресторан, кафе бар, исполнети сите услови за пренос, особено во затворен простор.

Мерка на Владата на РСМ: не треба маска!

Пешачење на кеј, седење на клупа сам во парк, велосипед: Можен контакт поблиску од 2 метри во траење од 1 до 5 секунди. На пољана, планина, нива, можен контакт на дистанца од 10 метри.

Мерка на Владата на РСМ:

Задолжително носење маска.

" Кој не полуди тој не е нормален".

ЈАС ПОЛУДЕВ, ДАЛИ ТОА ЗНАЧИ ДЕКА СУМ НОРМАЛЕН?

Главен ризик за инфекција со Ковид 19: 1. Растојание помало од 2 метри 2. Долг контакт, 20 минути и повеќе 3. Зборување,...

Posted by Nikola Panovski on Wednesday, October 14, 2020