Д-р Мехмедовиќ: Ние сме во првата недела од новиот бран кој се очекува да трае и во наредните 6 до 8 недели

Расте бројот на заразени од омикрон сојот во земјава. 

Д-р Злате Мехмедовиќ во синоќешното гостување на ТВ Телма посочи дека веќе е предоцна да се размислува за некакви рестриктивни мерки, тоа требало да се направи пред да пристигне омикрон во државата.

Тој предвидува дека бројките понатаму ќе растат.

-Хоспитализациите се зголемени за 41% во однос на претходната недела, а ние сме во првата недела од новиот бран кој се очекува да трае и во наредните 6 до 8 недели. Иако станува збор за варијанта со поблаги симптоми, нашите здравствени капацитети не се неограничени, туку станува збор за максимум 1000 кревети во болничкиот систем со ковид центрите, а тоа може да биде проблем, изјави Мехмедовиќ.