Д-р Лазаров со порака до политичарите: Изгласајте и субвенции за криминалци

Матичниот доктор Ненад Лазаров кој е и докажен хуманитарец е доста активен на социјалните мрежи, а така беше и утрово на актуелната тема и случајот за измените во Кривичниот законик.

Разочаран од досегашниот нефнкционален систем и предлог законот во Собранието на Република Северна Македонија, д-р Лазаров саркастично ги повика политичарите да гласаат и за субвенции наменети за криминалците во државата.

- Земете изгласајте и субвенции за криминалци, кратко прокоментира Лазаров.

За потсетување, расправата по два дена дебата во Комисијата за европски прашања заврши, а опозицијата не поднесе амандмани на измените, затоа што смета дека се беспредметни кога власта го има мнозинството.