Д-р Даниловски советува да ги затвориме границите за да времено се заштитиме од новиот сој на корона вирус

И Македонија треба да преземе нови мерки поради новиот сој на коронавирусот, да ја ограничи работата на клубовите и кафеаните и да ги затвори границите на неколку недели за да се забави инвазијата на новата варијанта, вели епидемиологот Драган Даниловски во изјава за Канал 5.

Даниловски вели дека нема да можеме да го спречиме омикрон да влезе во Македонија, бидејќи премногу брзо се шири, но со мерките би добиле на време за да дознаеме повеќе за него.

-Сега веќе повторно доаѓа предвид повторно строго да се инсистира на маски и на растојание во затворен простор… кафеаните и клубовите, ако се влоши епидемиолошката ситуација, доаѓа предвид и да се затворат, но мислам дека засега е доволно да се направат ограничувања на бројот на гостите, вели епидемиологот, според кого Македонија треба да го следи примерот на Израел, вели докторот. 

Оваа земја ги запре воздушните линии и наложи карантин за своите државјани кои ќе влезат во Израел, а во следните две недели нема воопшто да пушта странци во земјата.

Од денеска поради појавата на новиот сој, за кој се предупредува дека е опасен, границите ги затвори и Јапонија.