Д-р Даниловски: Дел од здравствениот систем кај нaс личи на башибозук

Универзитетскиот професор и познат епидемиолог Драган Даниловски во денешното гостување во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24 рече дека треба да се анализира прашањето на големата смртност во земјава, особено кај лицата кои се хоспитализирани.

-Ние сме во врвот во светот по смртност од Ковид, треба да се прават анализи кои се факторите за големата смртност кај нас, преголема голема смртност на оние што се хоспитализирани, кај нас околу 40%, во САД е под 10%. Зошто толку стапката на смртност е голема во однос на инфицираните, вели тој. 

-Карактеристика на добар здравствен менаџмент е отчетност и одговорност. Не може директор на болница да не му полага сметки на првиот човек во здравствениот сектор. Кај нас ова личи на башибозук, никој на никого не одговара и знае дека нема да одговара и прави што сака. Факт е дека општата состојба на нашево население е под секја критика, оценува проф. д-р Даниловски.