Д-р Данаиловски: Децата до 14 години два пати повеќе заразуваат, не е време за отворање на градинките и училиштата!

Д-р Драган Данаиловски за Канал 5:

Се плашам што ќе биде со школската година кога ќе почне, со оглед на гласините кои се шират, дека училиштата ќе се отворат. Не знам како тоа ќе изгледа, децата да носат маски 4-5 часа, тоа е малку илузорно. Се плашам дека тоа нема да успее.

Две студии се објавени деновиве – всушност се уште не се објавени туку се дадени како ракопис – и едната вели дека децата до пет години имаат 10 до 100 пати повеќе вируси во носните патишта. Тоа е студија од Чикаго.

А една друга студија од северна Италија вели дека децата под 14 година два повеќе го пренесуваат вирусот. Ова доволно зборува дека, според сегашната епидемиолошка состојба кај нас, не е време за отворање на улиштата.

Целто интервју со д-р Даниловски Канал 5 го најави за главните вести.