Д-р Чибишев за новиот протокол за дојавите: Си играте „руски рулет“ со децата и наставниците

Доктор Андон Чибишев реагираше преку неговиот профил на Фејсбук за новиот протокол за дојавите за бомби.

- Во последната препорака за непречено одржување на наставата која ја донесе Владата на Репулика Македонија се предвидува наставата да се одржува со физичко присуство и ако има дојава за поставени експлозивни направи наставата да продолжи додека надлежните служби вршат проверка дали дојавата е лажна или не дај Боже е вистинита.

Значи, не сум слушнал досега понесериозна, понепрофесионална, похазардерска и поопасна одлука во која се инволвирани нашите деца и внуци. Ало непрокопсани , ова е играње „руски рулет“ со учениците и наставниците. Драги Боже, чувај нè од овие неспособни, некадарни и дезориенирани губитници, напиша Чибишев на Фејсбук.