Д-р Чадиковски: Здравствениот систем на Југославија за два месеци го спречи ширењето на заразната вариола вера

Доц. д-р Владимир Чадиковски, Специјалист по детска хирургија, супспецијалист по детска кардиохирургија на Твитер вели дека е клучна довербата помеѓу народот и медицинските лица, доколку сакаме да ја надминеме тешката состојба со коронавирусот.

Зборот епидемија има значење во Југославија 1972 кога се појавува вариола вера. Смртност 30%. Без постоење на социјални мрежи, ефикасниот здравствен систем го ограничува ширењето за 2 месеца. 40 починати на 21 милион. Др.Радовановиќ: народот и медицинските лица си веруваа меѓу себе и почитуваа, тоа е клучно, пишува д-р Чадиковски.

Нов негативен рекорд вчера во КОВИД-статистиката – 535 заразени во 24 часа, од кои над половината односно 277 се во Скопје. Во билтенот вчера се регистрирани и шест починати пациенти на возраст од 55 до 72 години и со нив вкпно 815 ја изгубија битката со коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјава.