Д-р Чадиковски со убава вест: Нема поголема радост да спасиш бебе

Д-р Владимир Чадиковски, специјалист по детска хирургија, сподели навистина прекрасна вест на својот Твитер профил. Спасено е уште едно детенце, од рацете од умешниот доктор.

-Нема поголема радост да спасиш бебе Михаил (1.7 кг. 33 гест.недела) на родители дојдени од Америка да направат македонска свадба и по долга борба да се вратат со здраво детенце дома!!! Браво за цел тим!, соопшти тој.