Д-р Чадиковски: Се плашиме од мутации на вируси - да се запрашаме ние колку “мутиравме”

Доктор Владимир Чадиковски, специјалист по детска хирургија, со краток твитер статус упати силна порака. 

Во време кога секој ден носи страв од нова мутација од опасниот ковид- вирус, треба малку да погледнеме кон себе и нашиот однос кон другите!

-Се плашиме од мутации на вируси, да се запрашаме ние колку “мутиравме” во последниве 30години , неможеме да се препознаеме. Се по “малигни”стануваме помеѓу себе! - порача д-р Чадиковски.