Д-р Бухова: Имавме само 30 епидемиолози да бидат столб во пандемијата

Во своето гостување во „24 Анализа“, директоркатана Државниот здравствен и санитарен инспекторат, д-р Ирина Бухова, потсети дека во Македонија, голем број здравствени проблеми кои беа заборавени, излегоа на виделина со почетокот на пандемијата.

Според неа, еден од најголемите проблеми беше што на самиот почеток на ковид-кризата, Македонија располагаше само со 30 епидемиолози кои беа веднаш подготвени да бидат „носечки столб“ на пандемијата. 

-Еден епидемиолог не се создава преку ноќ. Специјализацијата трае 3, 4, 5 години, но и тоа не значи дека тој е спремен да влезе во жарот на ваква пандемија. Таа ни ги покажа сите дупки на системот. Влеговме со многу малку микробиолози, а тие мораа да излезат на терен. Да не зборувам за инфектолозите - информира Бухова.