Д-р Беќаровски за работното време на административците: Конечно барем во нешто ќе личиме на ФИНСКА

Предизборно „замајување“ или ќе биде реалност предлог законот кој предвидува наместо 40 часа, администрацијата да работи по 36 часа во неделата или по 8 часа од понеделник до четврток и само 4 часа во петок. 

Во однос на ова прашање се огласи и д-р Нико Беќаровски.

-Со новиот предлог за работно време на администрацијата во петок до 12 часот, конечно барем во нешто ќе личиме на ФИНСКА. Уште да сме доволно ФИНИ и ова да важи и за "рамковните" кои десет години "работат" од дома ???“, вели д-р Беќаровски. 

На неговиот став се надоврзаа голем број граѓани. Еве ги нивните ставови: 

„Поарно ич да ги нема. Сами да си бркаме документи онлајн. Две и пол години се зафркавам, пензиско, фонд за зравство, министерство за здравство, се се тегне со години. Кога сакаат си доаѓаат на работа, кога нејќат не доаѓаат. Се што беше одлика на организирано општество се распаѓа“ - гласи еден коментар. 

„Крајно навредувачки кон вработените во приватни компании, кон тие кои го полнат буџетот, кон оние што ги ранат. Секако тоа нема ни да го приметиме“ - пишува друг граѓанин.