Д-р Беќаровски: Очекувајте раст на ковид-бројките, но има и добра вест

Докторот од Клиниката за токсикологија и професор на Медицинскиот факултет, Нико Беќаровски, објави дека бројките на новозаразени со Ковид-19 ќе се зголемуваат во наредниот период.

-Бројките во дневната статистика за Ковид-19 ќе започнат рапидно да растат во следните недели како резултат на доаѓањето на Омикрон-БА 4 и 5 и тоа е лошата вест. Добрата вест е што сепак болниците ќе ни останат полупразни, напиша на Фејсбук доктор Нико Беќаровски. 

Инаку во текот на вчерашниот ден, од направени 1.101 тест,  регистрирани се 168 нови случаи на ковид во земјава, што е зголемување во однос на претходните денови.