Д-р Беќаровски ѝ одговори на германската амбасадорка во врска со „банкнотите во белиот мантил“

Д-р Нико Беќаровски ѝ одговори на германската амбасадорка во земјава, Анке Холштајн, која минатата недела изјави дека сите луѓе кои треба да сфатат дека кога ќе отидат на лекар дека не треба да остават некоја банкнота во неговиот мантил, во насока а спречување на корупцијата. 

-Како човек кој 33 години работи во јавното здравство, најодговорно Ви тврдам дека >90% од здравствените работници во Македонија, најсовесно си ја вршиме својата работа и никогаш не би побарале или зеле мито од било кој пациент, иако платата на секој здравствен работник во мојата земја, е помала од две обични дежурства на соодветен здравствен профил, во Вашата прекрасна земја, ѝ порача Д-р Беќаровски. 

-Најголем дел од здравствените работници во мојата земја се материјално сиромашни, но многу чесни и вредни работници, кои својата професија ја одбрале од љубов, а не за материјален интерес, бидејќи носењето на белиот мантил во Македонија, но и во екс Југославија, никогаш не била добро платена професија. Всушност секоја година 200-300 здравствени работници од мојата земја, ја прифаќаат Германија како своја втора татковина и ниту еден од нив, никогаш не бил вклучен во било каков коруптивен скандал во Вашата земја, туку напротив трудољубиво и беспрекорно се вклопуваат во Вашиот перфектно уреден здравствен систем, пишува докторот во својата објава на фејсбук. 

-Почитувана амбасадорке, ако навистина сакате да и помогнете на мојата земја и да ни помогнете да ја обелиме извалканата боја на нашите мантили од корумпираните наши колеги, рече тој алудирајќи на донесувањето на Законот за потекло на имот од 1991 година, па навака.