Цвекло - здрав зеленчук со малку калории

Цвеклото е здрава храна која е богата со многу хранливи состојки.

Тие се богати со важни витамини, минерали и други состојки кои го штитат нашето здравје. 

Многу хранливи состојки во малку калории

Цвеклото содржи импресивна листа на хранливи состојки, а содржи многу малку калории. Содржи 44 калории, 0.2 гр масти, 2 гр природни влакна, 6% витамин Ц, 20% фолна киселина, 6% магнезиум, 9% калиум, 4% фосфор и 16% манган од препорачаната дневна доза.

Помагаат во регулирање на крвниот притисок

Срцевите заболувања се еден од водечките причини за смрт во светот, а високиот крвен притисок е еден од најголемите ризични фактори за развој на овие болести. Истражувањата покажуваат дека цвеклото може значително да го намали крвниот притисок и тоа само за неколку часа. 

Ги подобрува атлетските перформанси

Редовното конзумирање на овој зеленчук придонесува за подобрување на атлетските перформанси и издржливоста, но и брзо опоравување на мускулите. Тоа исто така придонесува и за зголемување на употребата на кислород за 20% и е особено корисно кај велосипедистите. 

Помага во борба против воспаленијата

Хроничните заболувања се поврзани со голем број на заболувања, како прекумерна телесна тежина, срцеви заболувања, болести на црниот дроб и рак.

Цвеклото содржи пигменти кои користат многу анти-воспалителни состојки и придонесуваат за намалување на ризикот од овие заболувања. Притоа, особено корисен е сокот од цвекло.

Го подобрува дигестивното здравје

Природните влакна се важна компонента на здравата исхрана. Затоа, редовното конзумирање на цвеклото придонесува за подобрување на здравјето на органите за варење, редовна столица и го подобрува нашиот метаболизам. Освен тоа, природните влакна се поврзани и со намален ризик од хронични заболувања, како болести на срцето и дијабетес тип 2.

Помага во намалување на килограмите

Тие содржат многу малку калории, а многу вода. Притоа, многу истражувања докажуваат дека зеленчукот и овошјето кои содржат малку калории придонесуваат за подобрување на нашето севкупно здравје, но и секако намалување на килограмите. Дополнително, цвеклото содржи умерено ниво на протеин и природни влакна кои се клучни за здрава и нормална телесна тежина.