Црвен крст посети и помогна на над 16 семејства од Ѓорче Петров

Мобилните екипи на Црвен крст осплужија на терен повеќе од 16 семејства и лица на територија на општина Ѓорче Петров.

Контакт телефони на Црвен крст 070/226136, 02/3068-806, 071/349-230 и за бездомни лица 02/3096-227.

Наскоро ќе им се придружат и волонтери од општина Ѓорче Петров заради подобра мобилност.

Во меѓувреме, во тек е дистрибуцијата на пакети со храна и средства за хигиена за семејства во социјален ризик или за лица кои имаат неопходна потреба од ваков вид помош.

Контакт телефон 02 20/44-411-општина Ѓорче Петров и 0800 00 205-општински Кризен штаб од 9 до 14 часот.