Црна лимонада која го чисти организмот по празниците

Овој пијалок ќе го исчисти вашиот организам по тешката и мрсна храна од празничната трпеза.

Веројатно голем дел од нас веќе конзумираат топла вода со лимон, со цел да го исчистиме нашето тело од токсините, да го ресетираме и да го подобриме имунитетот во текот на зимата.

Освен тоа, лимонадата е една од нашите најомилени пијалоци, која е здрава, но и освежува. Но, ако во неа додадете и активен јаглен добивате одлична комбинација која го чисти целиот организам. 

Црната лимонада го чисти телото од токсините, го чисти црниот дроб, а го намалува и холестеролот. Помага и при надуеност, гасови и проблеми со органите на варење, па дури и кај проблемите со кожата. Освен тоа, таа ја зголемува енергија и се препорачува да се конзумира по вежбањето. 

Потребни состојки:

Сок од половина лимон

1 чаша обична, минерална или кокосова вода

1 лажица активен јаглен или 3 таблети (ако немате во прав)

Измешајте ги сите состојки убаво, а потоа пијалокот е подготвен. Внимавајте само, смеете да го пиете само еднаш неделно и никако почесто од тоа. 

Напомена: Ваквата лимонада може да го намали дејството на лековите, па затоа најдобро е да ја конзумирате барем 2-3 часа пред земањето на лековите.