Црна Гора од денеска не дозволува влез на македонски граѓани

Црногорскиот Институт за јавно здравје го ажурираше списокот на држави чии граѓани можат да влезат во Црна Гора од денеска, прецизирајќи дека станува збор за 131 земја.

На списоците не се повеќе Северна Македонија и Ирска каде што стапката е зголемена на 25 пациенти на 100.000 жители.