Црквата во Визбегово ќе се изгради до крај

Градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски оствари средба со жителите на Визбегово каде се гради нова црква. 

- Сакам да истакнам голема благодарност до сите донатори кои помагаат црквата Св. Спас во Визбегово да се изгради до крај. Пренесов лична порака дека сум тука за нив, жителите. Исто така им соопштив дека Визбегово во периодот кој следи ќе биде зафатено со градежната офанзива која ја најави општина Бутел, сподели Костовски при средбата.