Плодот содржи 10% вода, целулоза, пектин, органски киселини, витамини Ц, Б и каротен.
Црешите се богати и со калиум, а сиромашни со натриум што значи дека придонесуваат кон исфрлање на течностите од нашето тело. Содржат само 60 калории на 100 гр цреши и се погодни како меѓуоброк или замена на оброците кај луѓето со прекумерна тежина.
Содржат антоцијанин и силни антиоксиданти кои штитат од слободните радикали и Паркинсова болест
Ова ситно овошје е моќен лек, односно само 20 цреши се поделотворни од еден аспирин. Влијаат на чување на нашата кожа од стареењето, но и заштита на телото и организмот од опасни болести каде слободните радикали играат голема улога.
Го намалуваат шеќерот и лошиот холестерол
Поради нискиот гликемиски состав, тие се одлисни за намалување на лошиот холестерол и со тоа штитат од ризикот од мозочен и срцев удар, но и карцином на дебелото црево.
Помагаат против алергии и астма
Флавоноидите кои ги содржат се моќни за намалување на болката во мускулите после трчањето, но и штитат од воспалителни состојби кои се поврзани со алергии, астма, артритис и фибромиалгија.
Ја намалуваат менталната исцрпеност
Многу истражувањата покажуваат дека тие се одлична храна за мозокот и дека одлично влијаат за намалување на менталната исцрпеност и подобрување на расположението. Освен тоа, нивното редовно конзумирање во текот на вечерта придонесува за добар сон, бидејќи содржат и мелатонин.
Придонесуваат за намалување на целулитот и брчките
Поради својот состав, тие се одлични за нашата кожа и придонесуваат за спречување на појавата на целулитот, брчките и сувост на кожата.