
Македонски фотографии денес повторно се искачија на CNN.
Станува збор за кадрите на кои се бебето гибон во прегратка на својата мајка, направени од врвниот фотограф Горан Анастасовски.
- Да, CNN — медиумот кој ретко кому му дава простор, а уште поретко на фотографи од малите земји. И токму таму се најдоа моите фотографии на бебето гибон како ја гушка мајка си. Не е случајност. Не е среќа. Ова е резултат на години работа, чекање моменти, трпение, љубов кон животните и многу, многу страст. И убаво е кога светот ќе го препознае тоа, сподели фотографот.
Додавa дека е горд што приказната што е направена овде, во Македонија, успеала да стигне до милиони луѓе и да ги допре на глобално ниво.
- И уште погордо ми е што повторно покажавме дека талентот нема националност, но Македонија знае да даде големи приказни, вели Анастасовски чија фотографија од леопардот што „исфрла магла“ од здивот во зимско утро се најде и на „National Geographic“.