Чувар во асфалтна база на магистрален пат тешко повреден на работното место

61-годишник е тешко повреден на своето работно место - чувар во асфалтна база на магистрален пат. 

- На 09.04.2026 во 00:25 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар при Медицински центар Гостивар е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен К.В.(61) од Македонски Брод. Според пријавеното, тој се здобил со повредите откако се лизнал и паднал додека бил на своето работно место – чувар во асфалтна база на магистрален пат, информираа од полицијата. 

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.