Чувај го тој свој свет!
Чувај го со бедемите на вистината низ кои не може да се провлече лага.
Покриј го со мир пред кој немирот мора да се повлече.
А вратата нека биде составена од радост и нека не ја пушта тагата да влезе.
Чувај го тој свој свет.
Бирај мудро кого и што ќе пуштиш внатре. Кому и за што ќе се отвориш.
И сето она што нема квалитет за тебе, слободно остави го надвор. Затоа што, не ти е потребно...
Не ти треба ништо што ќе те вознемирува или ќе ти нанесе болка...
Чувај го својот свет во покривката на љубота. И сето она што не е, остави го надвор.
Она што нема чиста намера, не ти е потребно.
И не е важно кој е и што е... Само пропушти го низ филтерот.
Она што е важно ќе остане, останатото ќе си замине.
Затоа што само ти го крадат мирот и енергијата, а не ти носат ништо добро.
Затоа, не пуштај. Не отворај.
Ништо што мислиш дека не треба да пуштиш.
Слушај што ти зборува душата и никогаш нема да наседнеш.
И ќе го сочуваш твојот мир.
~ Ива Брадариќ