Чулев: Податоците и информациите кој ги изнел Дончев ќе бидат доставени до ОЈО

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев вчера во гостување на Канал 5 изјави дека Основното јавно обвинителство е на ред да одлучи дали ќе постапи против поранешниот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев. 

Тој вчера беше повикан на информативен разговор во Полициска станица.

„Податоците и информациите кој тој ги изнел за време на разговорот ќе бидат доставени во форма на известување до ОЈО и понатамошното постапување ќе зависи од насоките кои ќе бидат дадени од нивна страна“, вели Чулев.

Две нови аудио снимки се појавија вечерва на новоотворен Јутјуб канал под име Дон КорлеДонев, под наслов „Силно светнал ден 1 и 2“.

Дончев неодамна си поднесе оставка од позицијата директор на ФЗО.