Чулев бара укинување на целодневниот полициски час за викенд

На денешната седница, Владата треба да одлучи дали ќе има „олабавување“ на своведените мерки за ограничување на движењето.

Вчера Комисијата за заразни болести излезе со став полицискиот час во работните денови да трае од 19 часот попладне до 05 часот наредниот ден, а за време на викенд полицискиот час да започнува во сабота во 13 часот и да трае до понеделник во 05 часот.

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, пак, предлага забраната за движење и да важи од 19 часот навечер до 5 часот наутро, но истата забрана да важи за текот на викендите наместо сегашната мерка која стартува во 0етот во 16 и трае се до понеделник во 05 часот.

Чулев предлага повозрасните лица да може да се движат од 05 часот наутро до 12 часот на пладне, наместо сегашните два часа, а од 13 часот до 19 часот би се применувала дозволата за движење на младите лица.

Министерот бара да се укине забрана за движење низ парковите, шумите, планините, но при тоа да се носи заштитна опрема на лицето, вели Чулев.