Човек треба добро да внимава кого пушта во својот живот

Човек треба добро да внимава кого пушта во својот живот. Луѓето на кои им дава пристап во своите најдлабоки предели ќе ја одредат не само неговата иднина, туку и квалитет на неговата сегашност. Тоа ќе биде клучното што ќе одреди дали ќе живее во мир и среќа или постојано ќе бие некои тивки битки во душата.

Луѓето кои ги пуштаме во својот живот можат да ни го претворат животот во рај или пекол. Тие ќе одредат дали наутро ќе се буди со насмевка на лицето или ќе се прашува како ќе преживее уште еден ден. Човек треба добро да внимава кого ќе пушта во својот живот. Тоа ќе одреди дали ќе може да биде свој или ќе живее од страв од туѓото его, играјќи според туѓи правила. 

Од тоа ќе зависи дали еден ден ќе биде полн со убави спомени или можеби ќе бега од своето минато со кое не може да се гордее. Од тие луѓе ќе зависи какви чувства повеќе ќе има, но истовремено и дава, затоа што покрај негативни личности, не може да возвраќаш со позитивни чувства.

Човек треба добро да внимава кого пушта во својот живот. Без оглед на тоа колку е силен и мисли дека ништо надворешно не може да влијае на неговите одлуки, невозможно е да нема никакво влијание од страна на луѓето кои му се најблиски и кои му се вовлекле под кожа. 

Онолку колку што им дозволува на негативните луѓе да му се приближат, толку еден ден ќе се труди да побегне сам од себе, затоа што кога ќе пуштиш такви луѓе во животот, невозможно е тие луѓе да не те вовлечат во нивните размислувања и чувства. Многу добро треба да внимавате кого пуштате во животот, тоа е најважното животно школо и без тоа сѐ останато паѓа во вода.

Затоа понекогаш одвојте се од сѐ и од сите, добро размислете каде ќе ги поставите границите, внатрешните огради можат да ви го спасат или упропастат животот. 

Никој не може да каже дека не знаел дека ќе му се случи тоа што му се случило, затоа што меѓучовечките односи не се ништо освен математика. 

Ако на нашата влезна врата од животот имате само срце, но не и разум, еден ден ќе биде предоцна за да се ослободите од сѐ што влегло во него. Добро водете сметка за тоа!